И Владо Мисајловски го прослави отворањето на автопатот

0
368

Поранешниот министер за транспорт и врски од редовите на ВМРО ДПММЕ, Владо Мисајловски, денеска се сликаше со македонско знаме пред тунелите на автопатската делница Демир Капија-Смоквица. Тој на свој начин го прослави отворањето на делницата, откако вчера Владата пресече лента, а компанијата АКТОР организираше прослава со ора и чочеци

-Ова е еден од најубавите проекти, ова се делата на ВМРО-ДПМНЕ. Вака се сака Република Македонија, сложно и работно. Ова е ВМРО-ДПМНЕ, ова е Македонија – порача Мисајловски од пред тунелот.