ТЕРА

REKLAMA???

И ВО БИТОЛА СЕ СОБИРААТ ПОТПИСИ ЗА КАНДИДАТУРАТА НА ЃОРЃИ МАНАСКОВ

Македонска Ера Трета / Македонски Независни – Суверенисти како дел од изборната структура ‘‘ОБЕДИНУВАЊЕ ЗА СУВЕРЕНА МАКЕДОНИЈА’’, во рамките на процесот за собирање на потписи, кој е во тек, целосно ја поддржува кандидатурата на независниот кандидат ЃОРЃИ МАНАСКОВ за претседател на Македонија, стои во соопштението од политичката структура.

„Програмата, стратегиите, визиите на Ѓорѓи Манасков се најсродна со правецот и целите на Македонска Ера Трета / Македонски Независни – Суверенисти, за тоа каде треба да се движи Македонија.

Кандидатот Ѓорѓи Манасков е актуелен претседател на Стопанската Комора  на Македонија за Енергетика, и истовремено претседател на ново создадената Македонско – Кинеска Стопанска Комора.

Ѓорги Манасков како угледен, чесен, принципиелен, хуман човек, ја има целосната поддршка од Кина, со кој има потпишано договори за реализација на повеќе проекти кои се потребни на Македонија за унапредување на македонската економија, инфраструктура, енергетската независност и многу други правци, како македонски инвестиции, со македонски фирми и компании, без услови или други негативни обврски (Пловен Вардар, Чебрен и Галиште…).

Ѓорѓи Манасков е најпознат по иницијативата за враќање на ЕВН во сопственост на Македонија, каде што во рамките на тој процес беа собрани 100,000 потписи за оддржување на референдум за реализација на иницијативата, но за жал, жителите на Македонија останаа и понатаму робови и извор на финансирање на ЕВН, поради игнорирањето на собраните потписи од страна на претседателот на собранието на Македонија.

Ѓорѓи Манасков е Суверенист, верува во соработка со сите кои ја почитуваат Македонија и македонскиот народ, го поддржува традиционалното семејство помеѓу маж и жена, не бил дел од шарената револуција со фрлање на камења и боја по Македонија, како голем родољуб, веднаш ќе ги раскини преспанскиот и бугарскиот договор и ќе ги поништи сите анти уставни закони и правила, ќе иницира соработка со БРИКС.

Македонска Ера Трета / Македонски Независни Листи – Суверенисти го повикува македонскиот народ да го даде потписот за Ѓорѓи Манасков, единствениот кандидат кој има дела зад него кои биле во интерес на Македонија и македонскиот народ, без земање во предвид на последиците од неговата борба за татковината.

Собирањето на потписи трае секој ден од 08 до 20 часот до 08.03.2024 година, во рамките на канцелариите на Државната Изборна Комисија кои се наоѓаат кај шалтерите БОРОВО во Битола(Могила и Новаци), во старата општина во Прилеп(Кривогаштани и Долнени) општинските зграда во Ресен, Кичево, Охрид, Крушево и Демир Хисар, стои во соопштението од Македонска Ера Трета / Македонски Независни – Суверенисти.