И во Битола ќе биде отворена канцеларија за дијаспората

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Министерот за дијаспора на Македонија Едмонд Адеми во Штип ја отвори првата канцеларија во државата за сонародниците во странство. Заедно со градоначалникот на Штип Благој Бочварски објавија дека канцеларијата ќе биде во зградата на Општината и официјално со работа ќе започне на први јули.

„Канцеларијата во Штип за нашите во странство ќе биде исклучиво наменета за сограѓаните кои живеат надвор од Македонија. Кога ќе дојдат овде за било каква потреба веднаш ќе бидат услужени од вработените во канцеларијата која ќе ги прима нивните барања и кога ќе се јават од странство“, рече Бочварски.

Министерот Адеми најави дека наредните месеци вакви канцеларии ќе се отворат во Куманово, Тетово и Битола, а наредната година и во останатите поголеми општини во Македонија.

sdk.mk

Share.