“И во Македонија има компании кои си ги ценат вработените“

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Континуираниот раст на обложувалниците Моцарт на македонскиот пазар изминативе 10 години е евиденден, имајќи го предвид фактот дека во моментов компанијата на над 100 уплатни места вработува над 400 луѓе и тој број во контиунуитет расте.  За сериозниот импакт што успешното работење на компанијата Моцарт го имав врз економијата на државата говори и сумата од околу 28 милиони денари годишно што се плаќаат кон фондовите за пензиско и здравствено осигурување, како и во буџетот на РМ по основ на персонален данок за сите вработени.

Од аспект на директниот придонес кон буџетот на РМ по основ на даноци, посебна давачка за игри на среќа и паушали за обезбедување на лиценца за работа, компанијата придонесува со преку 250 милиони денари на годишно ниво.

Обложувалниците „Моцарт“ се компанија која го препознава потенцијалот на своите вработени. Освен професионалната обука во посебен тренинг центар која е обезбедена за секој нов член на тимот исто така, оние вработени кои брзо напредуваат и покажуваат лидерски и организациски способности добиваат можност за дооформување и брзо напредување во компанијата.

Таков е и случајот со Роберто Младеновиќ од Прилеп,  актуелен менаџер на подрегион, кој токму поради стимулативната клима успеал брзо да ги помине сите скалила на патот кон менаџерската позиција.

Роберто и неговата сопруга Мартина,  истотака вработена во Моцарт, велат дека за нив како едно младо семејство со две мали деца е навистина важно тоа што имаат стабилна работа и редовни приходи кои им овозможуваат да прават убави планови за иднина.

Share.