И во наредните денови со дожд и снег

0
267

Само 1 см снежна покривка во Прилеп, Битола, Дебар, Струмица, 2 Ѓуриште, Скопје, Тополчани, Виница, Куманово, Д. Капија, 3 Штип, Крушево, 4 Берово, Кр. Паланка, 5 Тетово, 7 Маврово, Лазарополе, Пожаране.

Утрово најсрудено беше во Маврово со -6 степени, исто и во Ѓуриште, -5 Пожаране, -4 Крушево, -3 Дебар, Тополчани, Лазарополе, -2 Берово, Куманово, Прилеп, Штип, -1 Виница, Кр. Паланка, Скопје, Тетово, 0 Струмица, Битола, Д. Капија, 1 Охрид, 2 Гевгелија, Претор, Дојран.

Утрово имаме облачно и студено со повремени врнежи од снег, во јужните делови врнежите се претежно од дожд. Дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.

До крајот на деното облачно и студено со повремени врнежи од снег, во јужните делови од дожд и снег, а во крајниот југоисточен дел од дожд. На повеќе места врнежите ќе бидат пообилни и ќе наврнат над 15 л/м2. Во поголем дел од земјава ќе се формира снежна покривка, а на планините значително ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од северен правец.
Максималната темтпература денеска во земјава ќе достигне од 1 до 6 степени.

В петок сеуште ќе има повремени врнежи од дожд и снег, но кон крајот на денот ќе престануваат. В сабота ќе биде променливо облачно со провејување на слаб снег.
В сабота и в недела во утринските часови на повеќе места температурите ќе бидат под и околу нула, во интервал од -4 до 1 степен.