И во следните денови, студено и со дожд

Облачно и студено со повремени врнежи од дожд, на места пообилни. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од североисточен правец.

Под влијание на влажна воздушна маса и во следните денови ќе се задржи облачно и студено време со врнежи од дожд. Врнежите повремено ќе бидат пообилни, со пороен карактер и засилен ветер.

Сподели