И во соседните општини победи ВМРО ДПМНЕ

Какви се резултатите во соседните општини од регионот, кој градоначалник беше избран и колку гласови добија кандидатите? Ова се резултатите согласно податоците на веб страницата на Државната изборна комисија.

Во Ресен, од вкупно 16.378 гласачи, гласале вкупно 8.687. Во трката за градоначалник на Ресен беа Јован Тозиевски, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, победи на локалните избори и кој доби 50,07% од гласовите односно 4.350 гласови.

Неговиот противкандидат, Живко Гошаревски од СДСМ освои 4011 гласови, односно 46,17%.

Во Демир Хисар, каде од вкупно 6.965 избирачи гласаа 5.394, победи кандидатот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Најдовски кој освои 49,70% од вкупниот број гласови, односно 2681. Неговиот противкандидат од СДСМ, Стевче Митревски освои 2524 гласови, односно 46,79%.

Во Кичево, од вкупно 50.746, гласале 24.414 гласачи. Победи кандидатот на ДУИ, Фатмир Дехари со 52,98% од гласовите, односно 12.935. Протикандидат му беше Александар Јовановски од ВМРО ДПМНЕ кој освои 44,35% од гласвите, односно 10.828.

Во Македонски Брод гласаа 3.886 од вкупно 4.978 гласачи. Во оваа општина победеда извојува кандидатот на ВМРО ДПМНЕ, Жарко Ристески кој освои 48,97% од гласовите, осносно 1903 гласови. Неговиот противкандидат, Ацо Новески кандидиран од група избирачи освои 48,28% од гласовите, осносно 1876.

Во Општина Долнени, право на глас имале 11.840 гласачи, а своето право на глас го искористиле 6.760 гласачи. Победи кандидатот на ДУИ, Урим Ибески со освоени 3467 гласови, односно 51,29% од вкупниот број гласови. Неговиот противкандидат, Аднан Џафероски од СДСМ освои 3053 гласови, односно 45,16%.

 

 

 

 

Сподели