И во „Транспортер“ одбраната побара изземање на судиите

0
337

Изземање на судечкиот совет, како и на претседателите на Кривичниот и на Апелацискиот суд побараа адвокатите во случајот „Транспортер” во кој на поранешниот битолски градоначалник Владимир Талески и на уште 20 лица им се суди за злоупотреба со ученички превоз.

Како што извести судот, адвокатот Димитар Дангов поднел писмено барање за изземање, 15 минути пред почнување на судскиот процес. Ова е четврти судски процес од обвиненијата на Специјалното јавно обвинителство во кој адвокатите имаат исто барање откако претходно беше побарано изземање на судиите во случаите Тенк, ТНТ и Титаник.