И годинава Грција најпопуларна дестинација за летовање

0
416

Ако во минатите години за битолчани биле најатрактивни попустите кои што ги нудат туристичките агенции за летовање, годинава сутуацијата е поразлична. Причина е спорот со името кој што го има Македонија со нашиот сосед Грција. И натаму е најатрактивнна грчката ревиера, велат од ТА Ариес, но меѓутоа битолчани чекаат да видат како ќе се одвива ситуацијата со спортот со името, па затоа не ги користат попустите


-Туризмот е многу специфична гранка која подлежи на разни влијанија. Луѓето се осетливи, гледаат телевизија, слушаат радио, гледаат на социјалните мрежи, каде што има многу информации но исто така има и многу дезинформации. Цела ситуација со името со нашиот сосед Грција нормално дека делува кај нив. Сите се заинтересирани за на одмор, но дел од нив мислат како ќе биде и што ќе биде, дали да уплатиме предвреме, дали да уплатиме цела сума итн. Имаме една ситуација годинава на тие попусти кои што ги даваме уште од ноември месец кои се до 35%, и со тоа заштедуваат од реалната цена на летниот одмор, оваа година имаме ситуација каде што странките викаат дека не сакаат да го користат попустот, ако можи јас да си го уплатам аранжманот да си ги платам и тие 35% и ќе си го дошплатам до почеток на летувањето, пример до мај, јуни и јули што досега не сме имале ваква ситуација. Но продажбата генерално оди добро, луѓето си уплаќаат, имаме клиентела која постојано оди на летовање во Грција. Годинава имаме широка палета уште поголема од минатите години и можат да си одберат одмор спрема својот џеб, рече Никола Митревски од ТА Ариес од Битола.

Како нова дестинација која што годинава ја нудат од ТА Ариес е Малта, но тоа е за оние граѓани со подлабок џеб, велат од таму. Годинава имало интерес и за Турција и за Црна Гора, но сепак 85% од битолчани одат Грција, и покрај новата давачка на патот кон Халкидики

-Нова давачка е туристичката такса која што е 0,5 евра од ден по апартман што е незначителна давачка. Малку годинава се повисоки цените . Нашите партнери ги зголемеија цените, но ние знаејќи го буџетот на нашите граѓани горе долу се случни цените на ланските. Останатите вон пансионски услуги се исти, така што едно четиричлено семејство може да летува и за 300 евра вклучително и превозот . Воведена е и една еко такса на Халкидики каде што е воведена патарина која што ќе се плача на лице место. Наша препорака е без разлика што ќе биде и како ќе биде со политиката, луѓето да не се плашат, работите ќе си останат какви што си беа, додаде Митревски

Пред нас е уште еден продолжен викенд овај месец. На 24 мај четврток нема да се работи за Кирил и Методиј, а во петок, на 25 мај нема да се работи за Духовден, што е причина граѓаните да си врзат 4 неработни денови и да отпатуваат некаде. Од ТА Ариес велат дека за овие празници најатрактивна тура за битолчани е Санторини. Клиентела имале различна, но како најстабилна категорија на патувачи ги посочуваат пензионерите бидејќи биле со најстабилни примања.