И годинава ни велат дека ќе победиме на Евровизија

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Еминентниот музички портал Billboard синоќа после првата полуфинална вечер на евровизија направи прогноза за тоа кои 12 песни од двете полуфинални вечери на Евровизија имаат потенцијал да бидат победници на годинешното издание во Тел Авив, а на листата се најде и нашата држава.

Ова славење на жените во време на движењето #MeToo ќе освои многу од гледачите што гласаат, како и од судиите во професионалното жири.

Инаку, покрај нашата држава на оваа листа како потенцијални победници се најдоа и Чешка, Франција, Малта, Австралија, Русија, Азербејџан, Норвешка, Италија, Швајцарија, Шведска и Холандија.

Најдобриот пласман на Македонија беше во 2006 година кога Елена Ристеска нè претставуваше со песната „Нинанајна“ и заврши на 12-тото место.

https://www.billboard.com/articles/news/8511432/eurovision-2019-songs-frontrunners?fbclid=IwAR3i2IqodB2jw82sXYMuV9rYd6IAavNgd_pgRderaLUwwuUaxELzknrYGAU

Инаку на синоќешнота прва полуфинална вечер на Евровизиската сцена која се одржува во Израел настапија изведувачи од 17 земји, а пласман за во финале освоија државите: Грција, Белорусија, Србија, Кипар, Естонија, Чешка, Австралија, Исланд, Сан Марино и Словенија.

Ако Тамара годинава успее да се пласира во финале, тоа ќе биде прв пласман на Северна Македонија од 2012 година, а овој настап на Тамара која ќе настапи во втората полуфинална вечер под реден број 17, ќе биде прво претставување под новото име Северна Македонија, што привлече големо внимание кај евровизиската публика.

https://www.youtube.com/watch?v=e5yuP9deQB8

А со моќен сценски настап, одлична композиција и вокални способности се престави и Австралија, која привлече големо внимание кај публиката, Австрталија учествува на Евровизија од 2015 година и од тогаш високо котира на евровизиските ранг листи, а годинешната претставничка Kate Miller, на свечената церемонија на портокалевиот килим истакна дека доколку таа победи, Евровизија сака да се одржи во Париз, бидејќи многу го сакала градот.

На Евросонг учествуваат 41 земја, а шест имаат директен пласман во финалето. Останатите 35 се поделени во две полуфинални вечери. Во секоја полуфинална вечер по 10 земји одат во саботното финале.

Share.