Градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески соопшти дека и оваа 2024 година продолжуваат со доделување на еднократна парична помош од 6.000 денари за секое новороденче во општина Прилеп.
„За прв пат започнавме со реализација на овој проект од 01.01.2022, врз основа на нашето дадено ветување во предизборната програма за што подоцна беше донесена и „Програма за доделување на еднократна парична помош за секое новородено дете“ која што беше изгласана во Советот на Општина Прилеп.
Ќе продолжиме со вакви проекти да помагаме и да имаме позитивно влијание како Локална самоуправа за сите наши сограѓани“ вели Јовчески.












