Утрово Битола е повторно во магла. Според Автомото сојузот на Македонија појава на магла со видливост до 100 метри има од Велес до Демир Капија и во Битола-Кичево и Македонски Брод.

Утрово во Битола беа измерени -5 степени.

Претпладне сончево и претежно тивко, попладне со мала до умерена облачност. По котлините ќе биде магливо и постудено.

Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13 степени, а во местата со магла од 1 до 5 степени.

Дневната температура во Битола до 7 степени.












