И денеска ВМРО ДПМНЕ блокираше кај „Гроздот“

„Трет ден блокади во Битола! Не за новото предавство! Излези за Македонија!“ вака велат од битолската ВМРО ДПМНЕ на денешната блокада која се случи на крстосницата кај „Гроздот“, каде што се блокираше и вчера.
Од ВМРО ДПМНЕ бараат Заев и преговарачот Бучковски да ја обелоденат Декларацијата што се подготвувала како дополнување на Договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија.
Сподели