ТЕРА

REKLAMA???

И ДЕНЕСКА МНОГУ ТОПЛО ВРЕМЕ, ВО БИТОЛА ДО 34 СТЕПЕНИ

Утрово 10 степени во Лазарополе, 13 Берово, Попова Шапка, 14 Претор, Маврови Анови, 15 Крива Паланка, Охрид, Битола, Дебар, 16 Тетово, 17 Скопје-Петровец, Прилеп, Крушево, 18 Куманово, 19 Скопје-Зајчев Рид, Штип, Демир Капија, Гевгелија, Кавадарци, 20 Велес, Виница, Дојран.

Во текот на ноќта времето беше ведро, утрово е сончево со мала до умерена, а наместа во јужните и централните делови има зголемена облачност. Дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец.

Времето денеска сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од југозападен правец. Во попладневните часови и во текот на ноќта ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме.

Максималната температура ќе биде во интервал од 29 до 38 степени. Во Битола до 34 степени.

УВ индексот 8.