Утрово 13 степени во Берово, 14 Лазарополе, 15 Маврови Анови, 16 Битола, 17 Крива Паланка, Тетово, Попова Шапка, 18 Скопје-Петровец, Претор, 19 Охрид, Гевгелија, Прилеп, Струмица, 20 Демир Капија, Куманово, 21 Велес, Крушево, 22 Штип, Кавадарци, 23 Виница.
Во текот на ноќта веше претежно ведро и тивко време. Утрово е сончево, наместа со слаб, а во Осоговскиот регион умерен ветер од североисточен правец.
Времето денеска сончево и многу топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Во попладневните часови во планинските региони ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.
Максималната температура ќе достигне од 36 до 42 степени. Во Битола до 39 степени.
УВ индексот 10.












