Времето денеска променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, особено претпладне.
Ќе дува умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи од 12 до 19, а дневната од 20 до 29 степени.
Во следните денови времето ќе биде променливо и посвежо со локални врнежи од дожд кои повремено ќе бидат проследени со грмежи. Пообилни врнежи се очекуваат во вторник.