И денеска се дезинфицираа делови од градот

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

И денеска продолжија активностите за дезинфицирање на сите станбени објекти, сообраќајници и помали улици во одделни региони во градот на екипите на битолските јавни претпријатија  Комуналец, Водовод, Нискоградба и Паркинзи.

Дезинфекцијата продолжи на ул. „Филип Втори Македонски“, „Прилепска“, „Димитер Илиевски Мурато’, „Наум Наумовски Борче“, „Батаљон Стив Наумов“. Исто така, се дезинфицираше во населбата „Бела чешма“, „Ат Пазар“, кај „Триаголникот“, кај „Гроздот“ и на улиците „Димитар Влахов“, „Сремска Митровица„ и „Цане Василев“.

Share.