И денеска снегот создава проблеми во Битола

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

По студот и голем снег ја зафати Битола. Тоа пак донесе проблеми. Некаде пукнати водоводи, замрзнати цевки. И откако не напуштија ниските температури не заплиска силен снег. Три дена без прекин врнежи во Битола и битолско.Тоа пак создава проблеми во сообраќајот и движењето на пешаците. И не само проблеми туку и нервози. Граѓаните поделени во мислењата, за едни ништо не е чисто, други велат за разлика од други години годинава надлежните брзо реагирале и го делат мислењето сонив, оти постојаните врнежи им прават проблеми во чеситењето.


Како и со што чисти „Нискоградба“, кој е приоритетот и колку ризла и сол фрлиле, го прашавме директорот на ова јавно претпријатие.


-Комплетната механизација со која што располага ЈКП „Нискоградба“ како ровокопачи, посипачи и помали ровокопачи од вчера и денес континуирано е на терен. Од вчера попладне до денес во утринските часови улиците од прв и втор приоритет беа комплетно исчистени, со исклучок на селата каде што неможевме физички да престигнеме. До денес до 10 часот беа исчистени и патиштата до селата, а моментално сме при крај со чистење на улиците во поранешната општина во с.Кукуречани. Поради врнежите кои што непрекинато паѓаат во Битола, нашите екипи и денес се на терен, повторно се чистат улиците од прв и втор приоритет, и заедно со помош на механизацијата на јавните претпријатија „Водовод“ и „Комуналец“ почнуваме со чистење на споредните улици кои не ни се во програмата по барање на граѓаните.   Моментално се потрошени околу 30 тони сол и 50 метри кубни ризла, рече Методи Силјановски, директор на ЈКП „Нискоградба“- Битола.

Дел од граѓаните велат дека главните сообракајници се проодни и тоа го поздравуваат но забележуваат за споредните улици.

-Трпение до граѓаните! Знаеме дека имаат проблем со протокот на сообраќајот во тие споредни улици. Ние нон стоп ќе бидеме на терен. Го имаат дежурниот телефон 047/ 221-016, се надеваме дека до денес попладне ќе престанат врнежите, така што во доцните попладневни часови, во текот на ноќта и во текот на утрешниот ден ќе им излеземе во пресрет. Најбитно е во овај момент да се исчистат  итните случаеви на споредни улици,  додава Силјановски.


Од таму и со апел до граѓаните за возилата и снегот од дворовите.

-Откако беше упатен апел од наша страна за отстранување на возилата од улиците, гледам дека некаде граѓаните го послушаа нашиот апел. Возилата беа отстранети во Брусничка населба. Сега упатувам голем апел до граѓаните да не го фрлаат снегот на улица, вели Силјановски.


Од 15-ти ноември кога практично почна зимската сезона ЈКП „Никогрдба“ по улиците низ градот досега фрлиле околу 230 тони сол и 200 метри кубни ризла. Напоменуваат дека оставува отворен телфонскиот број 047 221 016 за итни случаи.

Share.