Утрово 0 степени во Берово, 3 Битола, 4 Скопје-Петровец, Струмица, Маврови Анови, 5 Крива Паланка, Тетово, Претор, Гевгелија, 6 Попова Шапка, Охрид, Прилеп, Демир Капија, Велес, 7 Штип, Куманово, 8 Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци, Дојран, Крушево, Дебар.
Во текот на ноќта времето беше ведро, а изутринава е сончево со мала до умерена локална облачност. Наместа дуваше слаб ветер од променлив правец.
Претежно сончево и топло со слаб ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 28 степени. Во Битола до 25 степени.












