И денес сончево и многу топло, од утре малку посвежо

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

И денеска времето ќе биде сончево и многу топло со температури до 40-от степен. Кон крајот на денот на места и особено на северот ќе има зголемување на облачноста со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со појава на град и силен ветер. УВ индексот ќе биде 9.

Максималните дневни температури ќе достигнат во Скопје 38 Целзиусови степени, Маврово 28, Охрид 32, Битола 35, Кавадарци 39, Крива Паланка 34, Берово 32, Дојран 40.

Утре ќе има мал пад на дневните температури. Времето ќе биде сончево и посвежо со умерена облачност. Попладне и особено на југ ќе има локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. УВ индексот ќе биде 7.

Дневните температури ќе бидат во Скопје 32 степени, Маврово 25, Охрид 28, Битола 32, Кавадарци 34, Крива Паланка 30, Берово 26, Дојран 35 степени.

Share.