И Интерфест годинава доби помалку пари

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Интернационалниот фестивал на класична музика „Интерфест“ Битола годинава доби помалку пари од министерството за култура.

Во изјава за Тера телевизија уметничкиот директор на фестивалот Милица Шперовиќ-Рибарски вели дека добиената сума е помала за 700.000 денари во споредба со ланската.

Додава дека како уметник не е против да се подржуваат и нови проекти, но не за сметка на оние кои имаа голема традиција на културната сцена.

Шперовиќ-Рибарски вели дека ќе поднесат жалба во комисијата во Министерството за култура.

 

Share.