ТЕРА

REKLAMA???

И ЛОКАЛНИ МУЗИЧКИ ЅВЕЗДИ НА “GET EXITed”

„Get EXITed“ забавата во Градскиот парк во Струмица на која на 7 септември ќе настапат Дебора Де Лука, Махмут Орхан, Сенида и Кристијан Молнар, додава и попладневна програма со врвна винска и гастрономска содржина како и концерти на локалните изведувачи „21 Век“, Дина Јашари и Џамбо Агушеви Оркестар. Тие ќе настапат од 18 до 21 часот, по што диџеите Гоце С.А.Ф и Чваре ќе направат одлично загревање за хедлајнерите. Влезот е бесплатен!
 
Македонија е надалеку позната по виното и гастрономијата, а сега преку фузија на музиката, винските и гастрономските специјалитети ќе креираат ултимативно искуство за сите посетители на настанот, со поддршка на Влада на Република Македонија. Специјалитетите на домашната македонска и регионална кујна, разновидната музика и силниот балкански звук на еден простор ќе спојат многу генерации.
 
Попладневната музичка програма ќе трае од 18 до 21 часот, каде ќе настапат култниот македонски бенд 21 Век, младата поп дива Дина Јашари, „ворлд мјузик“ составот кој од Струмица го освои светот со едноставен трубачки звук, Џамбо Агушеви Оркестар, како и хип хоп ветераните и едни од најистакнатите имиња на македонската музичка сцена Диџеј Гоце С.А.Ф. и Диџеј Чваре.

21 Век е култно македонско трио кое носи презабавен поп панк звук, а нивните настапи многу лесно преминуваат во стендап. Статусот на македонски волшебници и неверојатната енергија која ја носат со себе ветуваат триумф секој пат кога ќе се качат на сцена. Џамбо Агушеви Оркестар ги освојува најголемите сцени во светот, а почетоците на овој оркестар се бележат токму во Струмица. Џамбо, познат и по надимак “Фанки тигар” е најпознат македонски музичар по Есма Реџепова. Негова голема желба е со својот оркестар да станат синоним за дувачката музика во целиот свет. Дина Јашари е млад уметник од Македонија, а нејзините модерни ритми на дрим-поп, соул и џез се вистинско освежување на музичката сцена. Диџеј Гоце е дел од хип хоп сцената уште од раните 90ти кога со својата група С.А.Ф. ја објавија првата трака 1993. Нивниот ЛП „Сафизам“ објавен во 2002 година е прво издание на винил на Балканот! Истата година со својот партнер ја основа етикетата „Bootlegz entertainment“ и ја почнува првата резидентска вечер во Македонија во клубот Елемент. Години претходно работи како продуцент за голем број на домашни и регионални уметници, копродуцент и диџеј на ТВ емисии, организира и модерира најразлични работилници во Македонија, а организира и сопствена винил конвенција со ДЈ Чваре со кој е дел од Фанки Фреш екипата.
 
Дел од Get EXITed забавата ќе биде и разновиден вински и гастрономски саем, кој ќе почне во 18 часот и ќе трае во текот на целата вечер. На саемот доаѓаат најдобрите локални и регионални винарии, како и произведувачи на традиционални органски специјалитети од македонската кујна. Едни од најдобрите готвачи од најпознатите струмички ресторани и учениците од Средното кулинарско училиште заедно ќе спремаат локални специјалитети. На дел од саемот ќе има и штандови за земјоделци и произведувачи на органски производи.