И МВР се вклучува во потрагата по двајцата косовски полицајци

0
591

Двајца косовски полицајци, А.Т. (23) и М.Д. (26), минатата ноќ исчезнаа кога нивното возило од непознати причини излета од автопатот Генерал Јанковиќ – Качаник во реката Лепенец.

Потрагата по нив е прекината околу четири часот утрово и продолжува денес, изјави за „Коха“ портпаролот на косовската полиција.

Според изјавата на косовската полиција, полициското возило минатата ноќ околу 20:30 часот, од непознати причини, на автопатот Генерал Јанковиќ – Качаник, ја преминало левата страна од патот и слетало во реката Лепенец.

Местото каде излетало службеното возило цел ден беше обезбедено со полициски ленти, голем број специјалци придружувани од амбулантни возила.
На терен пристигна и премиерот Рамуш Харадинај кој рече дека ќе побара дополнителна помош од неговиот колега во Скопје Зоран Заев.

Во потрагата вклучени се специјалните косовски полициски сили, тамошни пожарникари , граничната полиција од Македонија, но и населението од Качаник.