И младите учеа за енегетската ефикасност

Во неделата на енергетска ефикасност што ја организира општина Битола, како дел од прекуграничниот проект Бенефит, се случи како што рекоа од Гаус институтот кој е дел од овој проект најкреативниот настан. Ги учеа најмладите како одговорно да се однесуваат кон енергијата.

„Како да штедат енергија и рационално да се користи. Ова е многу важно бидејќи вообичаено се вели дека одговорното однесување и штедењето се учи од мали нозе. Многу тешко е потоа кога ќе се стекнат животните навики, тие да се менуваат. Затоа сме посебно горди на оваа денешна активност бидејќи ги таргетираме најмладите . Тука е нашпиот експерт Весела Богдановиќ која редовно ја ангажираме во активностите на ГАУС Институтотѕ и со својот креативен перформанс ќе ги учи децата какао одговорно да се однесуваат кон енергијата“ вели Игор Неделковски од Гаус институтот.

На четвртиот ден од енергетската недела, младите кретивни сили се распослаа во градскиот партк, во природа се едуцираа за природата, односно енергијата, како да се штети и кои се обновливите извори на енергија. Боење и цртање во градскиот парк, на задоволство и радост на сите.

„Во рамките на Енергетската недела која почна на 30 август а ќе заврши на 3 септември, во овај четврти ден од таа Енергетска недела се претставуваат децата односно најмладите кои во овај четврти ден имаат за цел кај нив да се развие свеста и креативноста за оваа тема“, рече Наташа Лукиќ координатор на проектот.

Проектот „Подобрување на енергетската ефикасност кај јавни објекти „Бенефит“ е финансиран од ЕУ и фондовите на земјите учеснички, во рамки на ИНТЕРРЕГ Програмата за погранична соработка „Грција- Република Северна Македонија“.

Сподели