И ние можеме и сакаме да пееме

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Сите заедно со песна низ Широк сокак членовите од Центарот за поддршка на лица со попречености Порака испратија порака  дека и тие можат и сакаат да пеат. Оливера Петровска има 22 годишна ќерка со интелектуална попреченост. Вели дека таа од малечка сакала да пее и да свири но за жал нема институција во која што може да го развива талентот. И претседателката на здужението „Порака“ вели дека децата имале талент, но единствено го развивале во нивниот центар.

Мајката побара поголема поддршка од надлежните.Здружението Порака брои околу 30 тина членови. Денес на панел дискусија на тема „Попреченоста е само прашање на перцепција“ дискутираа за правата и потребите на лицата со интелектуална попреченост.

На панел дискусијата  психологот Марија Младеновска Димитровска од СОУ „Таки Даскало“ пред присутните зборуваше за предизвиците со кои се соочуваат наставниците во процесот на инклузија.

На настанот беше прикажана и изложба на ракотворби изработена од членовите на Здружението „Порака“. Дискусијата е дел од Проектот „ Попреченоста е само прашање на перцепсија“ на Институтот за различности во медиуми од Лондон, Македонскиот институт за медиуми и Националниот совет на инвалидски организации на Македонија, а  финансиран од ЕУ.

Share.