35 години од постоењето одбележа Здружението на лица со телесен инвалидитет од Битола, Демир Хисар и Ресен „Мобилност“. Велат дека изминатите три и повеќе децении постигнале значајни резултати.

Раскажува дека почетоците биле тешки. Тогаш имале проблем како лицата да ги вкучат во тоа нивно заедничко организирање и настапување пред институциите во барањето на нивните права.
Архитектонските бариери се проблем, но не само тие, вели Јанков.

Сега со пари од Европската унија со партнерите од Грција ќе го работат проектот за алтернативен туризам.
На свеченоста по повод 35 годишниот јубилеј присутните ги поздрави заменик градоначалникот на Битола Бојан Бојкоски.

„Општина Битола и Советот на Општина Битола, го честита големиот јубилеј, 35 години постоење, што значи 35 години борба за пристапност, на здружението кое се грижи лицата со телесен инвалидитет, но и општо за лицата со попречености да имаат поквалитетен живот. Општина Битола ќе продолжи на овие лица кои де наши сограѓани да им го олесни животот и во иднина ќе бидеме партнери како што беше последниот проект за сигнализација за лицата со попречености“ рече Бојкоски.












