ТЕРА

REKLAMA???

И СЕ ГРЕБИ И СЕ ВОЗИ И СЕ СТОИ

Вака денеска и во добар дел и од вчерашниот ден изгледа одвивањето на сообраќајот кај кружниот тек кај старата ветеринарна станица.

Работници кои интервенираат со собирање на асфалтен остаток, машини кои истовремено чистат и друга механизација којашто се користи за асфалтирање.

Локалните дуќанџии со неверување гледаат во најновата интервенција којашто се реализира без пренасочување на сообраќајот. Потестуваат дека кружниот тек се правел во текот на ланското лето, дека функционирањето започнало од ноември и дека корекциите се прават по скоро 8 месеци по  финализирање.

За брзо завршуавње на работите реагирале заедно со жителите на околните станбени згради и со петиција до општината, којашто пак кружниот тек го градеше од мај до ноември минатата година.

Граѓаните веќе се информирани, градоначалникот Тони Коњаноски преку соопштение за јавноста и во неколку други наврати најави дека ќе се реализира корекција којашто вклучува гребење на асфалтот, преасфалтирање и дополнителни работи познати на градежниците.  Градоначалникот даде задолжение и за корекции на асфалтирањето и за други улици, што се случува заради, како што велат од Општината „едвидентирани недостатоци- неквалитента изведба“.

Кружниот тек кај старата Ветеринарна станица е изработен по проект усвоен и одобрен уште во 2017 година, а согласно подготвената проектна документција за овој проект беа предвидени 11.790,640 денари во кои е вклучена канализацина мрежа, коловоз и улично осветлување. На овој кружен тек треба да биде поставен и споменикот на Александар Турунџев чиј изработен споменик сеуште е лоциран во дворот на зградата на Општината.

Според објавата од Општината, интервенцијата нема да трАе долго, според брзината со која се работи на теренот тоа ќе заврши со крајот на оваа недела, а општина Битола нема да има штета затоа што финансиите паѓаат на товар на изведувачот.

Но, кога се работи за можните последици од повторната интервенција на истиот терен се наметнуваат прашања кои започнуваат од штетното влијание на животната средина – воздухот што го дишат жителите на околните станбени објекти, преку претпоставената изгубена добивка за околните дуќанџии, до пропуштените можности и стекната напнатост заради изгубено време кои ги чини граѓаните кои минуваат низ кружниов тек, особено кога на ум се има фактот дека со изградбата на топловодот две од сообраќаните артерии на Битола се со намален капацитет.