И со возење велосипед може да се заработи

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Уште од почетокот на создавањето на велосипедите и сè до ден-денес, тие се користеле и се користат за многу цели. Како корисен предмет, се користат за превоз, секојдневно патување и користење во секојдневниот живот. Најчесто во странство се користат и како главно средство за превоз од страна на доставувачите на пошта, итните медицински служби, полицијата, велосипедските курири и велосипедските служби за достава. Велосипедот се користи и за рекреативни цели, како возење тури со велосипед, возење велосипед во планина, физичко вежбање и игра.

Во нашиот град некој вози, а некој не вози велосипед, општината даде и субвенции за велосипеди за оние кои сакаат да возат низ битолските улици. Доколку се вози велосипед наместо автомобил, барем во Битола од една страна се грижиме за животната средина, а од друга страна се избегнува метежот во сообрајќајот со што побрзо би стигнале до целта со велосипед отколку со автомобил.

А како во Финска уште од најмала возраст децата стекнуваат навика за користење на велосипедот, овој фински град е жив доказ дека зимскиот велосипедизам е можен со правилно планирање и инфраструктура.

Пека Тахола, инженер за урбанистичка благосостојба и координатор за велосипедизам на градот Оулу, неодамна го фотографирал училишниот паркинг за велосипеди на локалното училиште за да покаже дека и на -17 степени финските деца ги возат своите велосипеди.

Иако повеќето родители кај нас не би дозволиле нивните деца да возат велосипеди на -17 степени, во Финска тоа е сосема нормално и здраво.

А пак во Италија по 25 евра месечно за секој што на работа ќе дојде со велосипед.

Италија: По 25 евра месечно за секој што на работа ќе дојде со велосипед
Насловна › Вести › Занимливости › Италија: По 25 евра месечно за секој што на работа… 14.02.2019
Италија: По 25 евра месечно за секој што на работа ќе дојде со велосипед
Бари е првиот италијански град кој ќе им плаќа на граѓаните да доаѓаат на работа со велосипед.

Градоначалникот на Бари, Антонио Декаро, планира “двојно да го зголеми бројот на велосипеди во градот во 2019 година“ па затоа ќе отпочне пилот-проект кој ќе трае четири месеци, при што граѓаните ќе бидат платени за да го користат велосипедот како транспортно средство од дома до работа и од работа до дома.

Тие што со велосипед ќе дојдат на работа или училиште, ќе им бидат исплатени по 20 центи за секој изминат километар, односно до 25 евра месечно или 125 километри месечно.

За учество во проектот можат да се пријават до 1000 жители на Бари.

За да се мерат поминатите километри, на нивниот велосипед ќе биде инсталиран специјален уред врз основа на кој ќе се прават месечните исплати.

Слободното возење ќе се тарифира по 0.04 евра за километар.

Освен тоа што ќе го подобрите своето здравје, со возење на велосипед ќе може да заработите и пари, рече градоначалникот.

За оние кои немаат велосипед, градот, исто така, издвои и посебни средства за да им помогне на граѓаните да купат велосипед, а таа мерка важи за вработените, родителите и децата.

Со парична помош од 100 евра градот ќе им помогне на своите граѓани да набават половен велосипед, 150 евра за купување нов велосипед и 250 евра за купување електричен велосипед.

Share.