И трпезариски столици во реката Драгор

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Честа е појавата на фрлање ѓубре, шут и друг отпаден и градежен материјал на места кои не се предвидени за тоа.  Уште помалку такво место може да биде реката Драгор каде многупати досега несовесни граѓани ја третираат како депонија, па во коритото завршуваат предмети, покуќнина, апарати за домаќинство кои веќе не се користат. Деновиве фрлени две столици и гајба. На шега кажуваат граѓаните дека ланската година троседи и двоседи завршуваа во реката, односно дневната соба, сега дошол редот и на трпезаријата, па така столиците се тука. Велат нема да не чуди ако следно ги видиме елементите од некоја спална.Битолчани коментираат дека време е надлежните да ги казнуваат несовесните граѓани кои ја загадуваат реката.

Од ЈКП „Комуналец“ секојдневно апелираат до граѓаните да не се загадува животната средина.
За таа цел напоменуваат дека вршат собирање и транспортирање на комунален и друг вид на неопасен отпад; депонирање на комунален отпад;селективно собирање на отпад (хартија и пластика РЕТ); механички третман на селектиран отапад;распоредување на специјализирани садови за собирање на отпад; подигање на погрешно паркирани возила или возила кои го попречуваат нормалното движење на останатите возила; фаќање на кучиња скитници и нивно згрижување.

Управувањето со комуналниот и другите видови на неопасен отпад го вршат од градот Битола и од 16 села кои гравитираат во општина Битола (Логоварди, Лопатица, Кукуречани, Кравари, Дихово, Трново, Магарево, Долно Оризари, Бистрица, Нижо Поле, Жабени, Буково, Карамани, Крклино, Трн и Лавци). Собирањето на комуналниот и другите видови на неопасен отпад го вршат по реонски систем при што на територијата на општина Битола воспоставени се 15 реони.

За несовесните граѓани постојат санкции.Казна од 50 евра за граѓаните кои на јавни површини вршат физолошки потреби, фрлаат хартија, опушоци, мастики, амбалажи и земја, како и отпадоци од растенија, песок и стари предмети од домаќинство. Со 50 евра се казнуваат и тие што палат и уништуваат смет и оставаат фекални остатоци од домашни миленици и мртви животни, како и тие што паркираат возила на растојание до десет метри од контејнер, на јавни места напасуваат добиток и живина, го растураат сметот од вреќи, контејнери и фрлаат смет од спрат во станбена зграда и куќа или пак лепат плакати на кое било јавно место.Се поставува прашањето  колку законот, кој беше донесен во септември 2008 година, има ефекти?

Share.