И утре сончево време со силен ветер над 80 км/час

0
455
Претежно сончево и потопло со слаб до умерен јужен ветер. Максималната
температура ќе биде во интервал од 17 до 22 степени.

Утре преку денот ќе се задржи претежно сончево и топло време со засилен, особено
во западните делови и до силен јужен ветер (над 80 км/ч). Кон крајот на денот и во вечерните часови облачноста ќе се зголеми, во западните и северните делови ќе има локални врнежи од дожд, проследени со ретки грмежи. Во ноќта кон недела и во недела претпладне врнежите ќе се интензивираат и на места ќе бидат поројни (локално над 20л/м2). На највисоките планини ќе има и врнежи од снег. Ќе дува засилен ветер од западен правец (над 70 км/час), а дневната температура ќе опадне зa околу 5 степени. Од понеделник ќе настапи стабилизирање на времето.