Кавга во Советот за состојбата со коронакризата во Битола

Вчерашната седница на Советот на општина Битола која беше онлајн, опозицијата ја напушти, незадоволна од тоа што нивниот предлог за единствен точка на дневен ред да биде состојбата со коронакризата во Битола, не беше прифатена.

Таа бараше неколку мерки и оставка од членовите на кризниот штаб.

Претседателот на Советот Валентин Груевски рече дека за оваа седница заеднички се договориле да ги има поставените точки и седницата да биде поделена во три дела и дека она што е планирано треба да се реализира, а дека Советот неможе да расправа за предлози за кои тој нема надлежност да ослучува, односно не се во негови ингеренции.

Груевски кажа што се досега Општината направила во спрасувањето со корона кризата.

 

 

Сподели