Каде замина театарската критика?

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Театарската критика ни е потребна како воздух , рече проф др. Иван Додовски на промоцијата на неговата книга „Мало фолио за театар“, во која на 385 страници се објавени театарски критики и театролошки студии кои авторот ги пишувал во изминатите 25 години.

„Театарската критика е непосакувана, живееме во општество кое го анатемиса критичкиот дискурс и за жал, тоа отсуство на дијалог и критчко размислување создава ситуација во која не можеме креативно да размислуваме и да наоѓаме решение како заедница. Се надевам дека ова книга ќе биде потсетување дека критиката ни е неопходна како воздух.За жал, таму каде што нема критичко промислување лесно може да се случи стагнација. Не велам дека нема никакви вредности, но жално е што токму тие вредни работи што се создаваат не можат да бидат потенцирани, издвоени и запаметени како традиција за иднината. Мислам дека крајно време е да сфатиме дека вложувањето во културата, критичкото размислување за културата е основен услов за да создаваме вредност, да го издвоиме доброто од помалку доброто. Не може да важи онаа максима дека наводно публиката не сака серизона драма или значајни ангажирани театарски форми. Напротив во прашање е потребата да се негува таквиот вкус и публиката секогаш ги прифаќа вистинските вредности на сцената. Дури кога е некоја најпровокативна, жестока и сериозна драмска форма во прашање, публиката знае тоа да го препознае. На сцената се е соголено и вистината одекнува најсилно, рече Додовски.

Се помалку се пишува а уште помалку се објавува театарската критика, но тоа незначи дека не постојат вредни работи кои се создаваат, туку неможат да бидат потенцирани и издвоени , вели критичарот Додовски.

Промотори на ова издание беа актерот и директор на НУ Народен театар-Битола, Иван Јерчиќ и режисерот Владимир Милчин, кој посочи дека театарот и воопшто културата се поставени на работ на општетсвениот интерес.

-Не пред многу години театарската критика имаше огромно влијание и врз театарот, но и врз публиката, затоа што театарската критика го фокусираше вниманието на јавноста на она што се случува во театарот, а денес веќе не е така. Тоа укажува на тоа дека прво ни се разниша или се промени приоритетот на интересот на медимуите. Ние до таа мера сме опседнати со полтиката, што не само тетарот туку и културата ни е отидена настрана, на периферија, на работ на општествениот интерес, заборавјаќи при тоа, доколку нема силна култура, ако немаме театар, ако немаме општествено влијание на она што се случува во театарот, ние имаме политика која е далеку полоша од онаа што би можела да биде. Затоа таа критика ние потребна и затоа оваа книга е исклучително важна, рече Милчин.

„Мало фолио за театар“ ги содржи сите театарски критики, студи и осврти, записи од фестивали и интервјуа кои авторот ги пишувал од 1993 година до денес, а најголем дел се за битолскиот театар. Со оваа научна публикација се одбележува неговиот значаен јубилеј – 25 години театролошка работа.

Share.