ТЕРА

REKLAMA???

КАДЕ СЕ СЕ РАБОТИ НИЗ БИТОЛСКИТЕ УЛИЦИ

Вистинска градежна офанзива се случува по улиците на Битола.

Од една страна е вистински показател за развој во континуитет.

Од друга, показател за потешкотиите со кои се соочуваат учесниците во сообраќајот – автомобили, пешаци, велосипеди.

Градежните активности зафаќаат во улиците од центалното градско подрачје, но и двете страничНи сообраќајни артерии, и улицата која води до кружниот тек кај поранешната Ветеринарна станица.

На спојот на Ул.„Баталјон Стив Наумов” со Ул.„Филип Втори Македонски”  во тек е корекцијата на кружниот тек и тука сообраќајот е комплетно затворен. Возилата се пренасочуваат кон споредни улици од двете страни на населбата ЈениМаале.

 

На Ул.„Партизанска”, од потегот пред паркингот на Спортската сала до спојувањето со улица Железничка се работи на левиот крај на топловодот. Оттука, сите возила и денеска се пренасочуваа на улиците од поранешната касарна, кои мора да најдат излез кон центарот пред улиците од населбата „Недопирливи“. И во населба се изведуваат градежни активности кои вклучуваат канализациска и водоводна мрежа и се пред асфалтирање.

Развојната програма за ул.„Стив Наумов” и ул.„Солунска” деновиве подразбира градежни активности долж двете улици. Тоа значи дека и овде капацитетот на заобиколување на улиците кои водат до  центарот е намален. Низ овие улици  тежок е и пристапот до домовите на жителите на реонот.

Сите овие активности, топлото време, густината на сообраќај во градот создава/ доведува до многу напор да се испланира возењето со автобил за лични или бизнис потреби.  Во текот на летните месеци пак, во вечерните часови уште една сообраќајница е затворена – улицата „Димитар Илиевски Мурато“ на крстосницата со Широк Сокак кај х.Епинал е затворена за слободен проток на пешаци.

Ова е така секое лето од 1999 година па се досега.

Поради сите овие причини, градоначалникот Тони Коњановски од Советот на Општина Битола побара одржување на вонредна седница на која ќе се расправа за измена на  Одлуката за означување условите и утврдување режимот на сообраќајот во централното градско подрачје во Битола  донесена пред 25 години.

Според Законот за локална самоуправа „вонредна седница свикува претседателот на Советот, по сопствена иницијатива или на барање на 1/3 од советниците“. Според Статутот на Општина Битола, во листата се вбројува и градоначалникот. И Законот и Статутот предвидуваат пред започнува седницата задолжително да се гласа за оправданоста на причините на свикување на вонредната седница.

Градоначалникот Коњановски и претседателката на Советот Габриела Илиевска ја направија неопходната преписка и, седницата со една точка на дневен ред е закажана за утре во 8.30часот.