ТЕРА

REKLAMA???

КАЖАА „ДА“ И ОСТАНАА ТАМУ КАДЕ ШТО СЕ!

На денешната седницата на Советот на Општина Битола главната тема беше кој како ќе гласа за завршната сметка, што е услов за да продолжи со работа овој состав на Советот.

Кварталниот извештај за буџетот за четвртиот квартал за 2023 година не беше усвоен.

12 советници гласаа „за“ , против беа двајца советници, воздржани 16 советници.

Завршната сметка на општината за 2023 година беше усвоена, по поединечното гласање на секој советник.

Ова значи дека советот нема да се распушти. ВМРО ДПМНЕ, СДСМ, Поинаку, ДОМ и ДУИ гласаа „за“, а советниците на Левица беа против.

Претходно градоначалникот Коњановски рече дека имаат две опции, да не ја изгласаат и да се самораспуштат и втората да се самонегираат.

За Илиевски од СДСМ пак, денешното „да“ завршната сметка е легитимна поддршка, оти и нивни проекти ланската година биле ставени во буџетот.

Пред гласањето кавга меѓу Бојкоски и Илиевска околу списокот од кој таа ги читаше советниците за поединечното гласање.