Казна од 90 евра за сексуално вознемирување на улица

Казна од 90 евра за сексуално вознемирување на улица

0
332

Франција воведува казна од 90 евра за секој оној кој сексуално ќе малтретира и вознемирува на јавни места.

– Напоменувам дека во Ил де Франс (реон во кој е Париз) 90 отсто од жените кои користат градски транспорт биле жртва на физичко, вербално или друг вид малтретирање и на тоа треба да му се стави крај, изјави Бенжамин Гриво, владин портпарол.

Во францускиот Парламент беше доставен извештај со кој се предлагаа казни од 90 евра до 750 евра за сексуално малтретирање на јавно место по големиот скандал со холивудскиот продуцент Харви Вајнстин. Гриво рече дека засега е тешко да се констатира таков вид казнено дело во моментот на извршуивање, но според него „и тоа е подобро од ништо“.

%d bloggers like this: