Каква е казнено правната одговорност на здравствените работници

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Што е медицинска етика? Што е лакарска грешка? Што е лакарска тајна? Што е евтаназија? , беа дел од темите  за кои што денеска средношколците од  медицинското училиште од Битола д-р „Јован Калаузи“ се едуцираа на трибина  насловена „Казнено правна одговорност на здравствените работници“. Денешниот настан беше дел од настаните кои што Правниот факултет ги реализира како дел од програмската содржина на Правната клиника , која што пред неколку месеци е формирана на Правниот факултет.

-Овие средношколци ќе видат едуцирани за кривично правна одговорност на здравствените работници. Сведоци сме дека во последно темата за лекарска грешка за соодветни пропусти на лекарите е доста актуела, така што сметаме дека е вистинско време овие млади да се едуцираат за тоа што претставува лекарска тајна и лекарска грешка, и какви други видови на одговорност му запретуваат на лакрот доколку преземе определени активности кои што се спротивни на законот. На тој начин да најдеме мост помеѓу професијата правник и здарвствен работник, рече Ивона Шушак координатор на Правна клиника на Правниот факултет.

-Ќе се задржиме пред се на правните обврски што ги имаат здравствените работници. Јас ќе се задржам на евтаназијата како убиство од благородни побуди, односно дел од привилигираните убиства во Кривичниот законик во Р.Македонија, односно историјатот, етимолошкиот на самиот збор што значи евтаназија, како историски мислењата за неа се менуваат, како и тоа што е активна и пасивна евтаназија и каде истите се прифатени, и која е состојбата на евтаназијата во Р.Македонија и што е она што е забрането со Кривичниот законик, рече доц.д-р Ангелина Станојоска од Правниот факултет во Битола.

Во работата на Правната клиника се вклучени 30 студенти а програмите кои што ги реализираат се двонасочни .

-Првата програма е давање на основновна правна помош на ранлива категорија на граѓани , а втората програма е правна едукација на соодветни профили на занимање, односно во различни настани одбираме соодветни профили кои што нашите правници, студентите од Правната клиника и професорите од Правниот факултет ќе ги едуцираат за правни прашања поврзани со занимањето кои што тие во иднина ќе се определат да го работат, додаде Шушак

Од Правната клиника информираат дека го добиле и првиот случај по кој што ќе постапуваат студентите . Правната помош, како што беше речено, се состоела од давање правни совети и евентуално изготвуивање на писмени поднесоци и спроведување низ институциите на системот доколку е потребно за определени странки. Во иднина планираат и соработка со адвокати од Битола, кои што доколку соодветниот предмет завршел пред судските истанци, да може понатаму да се процесуира преку нив.

Share.