Каква е состојбата со Црна во општина Демир Хисар

0
472

-Поради поголемите врнежи од дожд кој што ја зафатија општина Демир Хисар, водостојот на Река Црна деновиве е зголемен.Имаше излевање на реката од коритото кај селото Жван, во месноста кај село Гаиште, Бараково и према селото Света. Излевањата беа кон земјоделски површини, а штети на куќи и имот нема. Се излеа и Стара Река кај делот во Мургашево но не е причинета материјална штета. Денес водостојот е во благо опаѓање на реките. Општината ги презема сите неопходни мерки во намалување на излевањата на реките, интервенираме со една машина, и мислам дека нема да дозволиме да се направи штета на жителите од Демир Хисар, рече Марјанче Стојановски градоначалник на Демир Хисар.