Каква е состојбата со Црна и Шемница во Општина Могила

0
1509

– Нивото на реката Црна е зголемено меѓутоа нема излевање и нема опасност од излевање. Овие денови имавме континуирано врнежи од дожд заради тоа постојано ја следевме состојбата на терен, го следевме водостојот на реката Црна и река Шемница, спроведуваме континуирано чистење и на каналите во неколку села исто така ги чистевме каналите заедно со водостопанство, во другите населени места ги чистевме каналите со помош на ровокопачот од централниот пелагониски плански регион, значи ги презедовме сите превентивни мерки со цел да не се повторат поплавите што ни се случија 2015 година кои имаја лоши последици врз земјоделието и луѓето во општина Могила, изјави Јасмина Гулевска градоначалик на општина Могила