Каков е односот кон мигрантите?

0
450

Анкетата што ја спроведоа од невладината СФЕРА од Македонија покажува дека од анкетирани 550 граѓани на Република Македонија дури 30% имале предрасуди и стереотипи кон оваа тема. Денеска се одржа конференција за миграции во Европа и Република Македонија насловена  „Нови форми на европското државјанство“.

-На ниво на Европа се донесоа информации како граѓаните се вклучени во помагање на мигрантите во склоп на социјализација и интеграција, но се покажа дека некои држави не беа флексибилни во таа помош. На евроспко ниво институциите помогнаа во спроведување на оваа анкета за да може да се види вистинската слика на миграциите. Во  многу држави имаше голема злоупотреба, дискриминација, стереотипи на овие лица . Во Македонија 30% од граѓаните беа со стереотипи и дискриминирачки настроени, рече Милчо Дули, претседател на СФЕРА Македонија.

Со Европскиот проект на Фондацијата Фалконе Палермо од Италија биле опфатени 17 земји од ЕУ и надвор од ЕУ.

-Проектот имаше за цел истражување на граѓаните за нивната вклученост во мигратските  текови, поточно активната вклученост на граѓаните во цел тој балкански миграциски тек. Во текот на конференција ќе се прикажи истражувањето кое што беше спроведено, т.е 5000 луѓе беа интервјуинирани за овие прашање . Македонија учествуваше во тој дел . Нашата организација СФЕРА го направи истражувањето на регион на Македонија каде што дојдовме до резултати како организираниот криминал влијаеше на тие миграциски води и како беа злоупотребувани тие мигранти на нашите територии, рече Дули.

Конференцијата „Нови Форми на европското државјанство”, подржана е од Министерството за надворешни работи на Италија, преку Европскиот проект на Фондација Фалконе Палермо во програмта Европско Граѓанство Европа.