Како беа маскирани цапарчани на традиционалниот карневал

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

И оваа година во Цапари се одржа традиционалниот карневал „Бабари“.  Секоја година за празникот Василица жителите од селото се организираат на овој карневал, како што тоа се правело децении наназад.
Оваа година и двајца гости од Канада и Америка.Некои велат дека овој карневал е постар дури и од Вевчанскиот, а исто така во подалечното минато се соочил и со обид да биде забранет. Но, без успешен бил обидот.

На карневалот пристигна и Дедо Мраз, но наместо ирвас дојде на магаре.

Јован Настевски веќе 20 години го организира овој карневал, кој паралелно се одвива и во Австралија каде има голем број на цапарчани, додава дека оваа традиција без разлика колкава е масивноста на учесници и маски е добро што ја задржале и се одвива секоја година.

Маскираните учесници со оро го започнаа карневало на средсело, а потоа минуваа низ сите селски улици каде беа пречекани од локалното население, но и гостите од Битола и други градови каде сега живеат многу цапарчани.

Share.