ТЕРА

REKLAMA???

КАКО БЕЗБЕДНО ОД ДОМА ДО УЧИЛИШТЕ И НАЗАД

Првачињата од ОУ „Стив Наумов“ од Битола денеска се едуцираа како безбедно од дома да стигнат до училиште и како безбедно од училиште да се вратат дома. Кампањата ја почна Општинскиот Совет за безбедност во сообраќајот на патиштата во соработка со Авто мото друштвото „Ѓорѓи Наумов“ од Битола, а поддршка добија и од СВР Битола преку отсекот за превенција и полициската станица за безбедност на сообраќајот на патиштата .

„АМД „Ѓорѓи Наумов“ од Битола како покровител на овај настан, заедно со полициската станица од Битола ја организираме оваа акција во сите училишта кај првоодделенците. Сите првачиња ќе добијат тетратки со сообраќајни знаци за да го потикнеме нивното размислување за безбедноста во сообраќајот“, рече Јонче Лајмановски, директор на АМД „Ѓорѓи Наумов“ Битола.

„Во сите основни училишта, благодарение на наставниот кадар и директорите кои ќе ни овозможат да ја спроведиме оваа кампања. Почнуваме денес од ОУ „Стив Наумов“ во Битола, па во сите основни училишта ја спроведуваме оваа кампања со делење на едукативен материјал и предавање од страна на нашите полициски службеници кон првачињата, се со цел безбедно да стигнат на училиште, безбедно да се вратат дома и ќе добијат некои основни правила во сообраќајот коишто од мали нозе треба да ги знаат“, рече Сања Стаматова, портпарол на СВР Битола.

„Денеска во нашето училиште имаше предавање на тема „Внимателно од својот дом до училиште и назад“ од страна на СВР Битола. Целта на предавањето беше да се запознаат дечињата уште од најмала возраст со правилата во сообраќајот“, рече Весна Стојановска, одделенски наставник.

Кампањата во сите основни училишта од градот ќе се спроведува во наредните две недели.