Како вашата идеја да стане реалност

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Како вашата идеја да ја преточите во сопствен бизнис? Со цел младите до 35 години да се охрабат да започнат свој бизнис Преда плус заедно со Факултетот за информатички и телекомуникациски технологии од Битола имаат отворен повик за апликации во Пилот Акцелераторска програма за стартапи. Акцелераторската програма е дизајнирана да поддржува стартапи во рана фаза, со цел да се поттикне развој на иновативни идеи во повеќе области.

-Денес се собравме тука на мотивациски настан да ги мотивираме младите да се охрабрат и да започнат свој сопствен бизнис. Имаме 5 приказни на битолчани, кои ќе ја споделат нивната приказна за тоа како успеале од Битола да водат меѓународни бизниси за меѓународни клиентипризнаени насекаде во светот. Имаме отворен повик за стартап идеи , каде што младите можат да аплицираат со иновативна идеја од било која област, а ние ќе им обезбедиме поддршка за дефинирање на идејата во бизнис план, поддршка и градење на вештини за водење на бизнис, пристап до инвеститори и вмрежување, рече Маријана Милевска, директор на Преда плус фондацијата.

Михајло Димитровски познат како Тхе Мичо, стрип цртач, Александар Поп Ристов од Интерворкс, Благоја Стојчевски од Тимод тим, Ангела Хрстовска од Аикон Медиа и Јордан Стојановски,ИТ иноватор од областа на платформи и системи за безбедност на автоматски модели за трговија со меѓународно искуство, беа петмината битолчани кои што пред присутните ја раскажаа својата успешна приказна.

Колкав е интересот на младите луѓе од Битола за отварање на сопствен бизнис, и дали финансиите се пресудни за вашата идеа да ја преточите во реалност?

-Има интерес кај младите, има и добри идеи само треба младите да се охрабрат. Финансиите за успех не се пресудни, ако има добра идеја финансиери се наоѓаат, и ако се верува во таа идеја, желбата и добра тим од човечки ресурси се успева, додаде Милевска.

Повикот за аплицирање во Акцелераторската програма ќе биде отворен најдоцна до 24 декември годинава. Оваа програма за унапредување на бизнис идеи на млади луѓе од Пелагонсикиот регион е поддржана од Европската Унија.

Share.