Како во време на пандемија да се одржи менталното здравје

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Кога ние како држава а и целиот свет се соочува со пандемијата на коронавирусот и сме принудени да го поминуваме времето во изолација се соочуваме со два предизвици. Од една страна е справување со стравот од пандемијата и ширењето на вирусот,  а од друга страна е справувањето со самата изолација. Сето тоа го зголемува нивото на стрес кај луѓето, вели психологот Марија Младеновска Димитровска .Додава дека во овај период кај секој од нас се јавува анкциозност, страв, вознемиреност, неспокојство, некое чувство дека немаме контрола над ситуацијата,  па така покрај грижата за нашето физичко здравје  важно е вели  во овај период на изолација да се грижиме и за нашето ментално здравје.

„Да се обидеме во оваа ситуација да ја одржиме присебноста и контролата на ситуацијата, да не реагираме панично затоа што паниката е состојба во која што ние неможеме разумно да донесуваме одговорни одлуки. ПОтребно е ситуацијата одговорно да ја прифатиме пред се занас но и за нашите најблиски. Да не ја негираме сериозноста на ситуацијата да не се однесуваме неодговорно и ноншалантно но исто така е многу важно покрај пораките од проверени извори критички да се однесуваме и кон оние информации кои ги примаме и секојдневно сме изложени на социјалните мрежи, лажни информации и шпекулации кои и тоа како се однесуваат на нашето психичко здравје. Многу е важно да го ограничиме времето кое го поминуваме пред медиумите, односно да избегнуваме информации со кои што секојдневно сме бомбардирани  со информации за ситуацијата, со апокалиптични сценарија затоа што тоа само ќе ни го зголеми нивото на стрес и анкциозност и воопшто нема да придонесе за подобрување на ситуација“, вели психологот Марија Младеновска Димитровска.

Смета дека во вакви ситуации треба стравот и чувствата да се споделат со најблиските.

„ Многу важно е да бидеме свесни за сопствените чувства за сопствените стравови. Да не ги криеме да ги споделиме со нашите блиски, да си дадеме поддршка едни на други . Да бидеме свесни и за тоа дека овие чувства кои не преплавуваат се сосема нормални за една ваква ситуација. Да не дозволиме да се препуштиме на емоциите да не фати паника затоа што во таква состојба ние воопшто не можеме рационално да се однесуваме и да мислиме, само доплонително ќе си ја влошуваме ситуацијата“, рече Младеновска Димитровска.

Вели дека во овај период на изолација важно е како да го исполниме времето во излоација.

„Да најдиме начин да го организираме денот, да правиме активности кои што ќе ни дадат чувство на задоволство , да се посветиме на себеси, да правиме работи за кои што не сме имале време и сме ги одложувале за некој период кога ќе имаме време, така што сега еве имаме време да ги направиме работите. Да се посветиме на нашите хобиа кои што ги имаме, да прочитаме некоја добра книга, да слушаме музика, да погледнеме некој филм да се дружиме со нашите најблиски, да правиме колачи итн, некои мали ситни задоволство кое што ќе ни го исполнат времето дома кое го поминуваме“, рече Младеновска Димитровска.

„ Да го исполниме денот колку што можиме со радост, оваа ситуација ќе помине, да си упатуваме позитивни пораки кон себеси,  појаки сме психички отколку што мислиме, ова е предизвик кој што ќе го надминеме сите заедно со одговорно однесување“, рече Младеновска Димитровска.

Доколку граѓаните неможат да се справат со анкциозноста Младеносвка Димитровска смета дека тие треба да побараат стручна психолошка помош и поддршка која што во ваква ситуација можат да ја добијат преку телефон, вибер скајп итн.

Share.