Како да генерираме социјални и иновативни идеи

0
374

МКЦ – Битола организираше Национална работилница за генерирање на социјални и
иновативни идеи. Како што рече Маја Ангеловска целта на работилницата е да се генерираат идеи за решавање на актуелни проблеми преку бизнис или проектни идеи кои паралелно ќе придонесат во процесите на градење мир и помирување.

На работилницата присуствуваа  претставници кои доаѓаат од различни
сектори (граѓански организации, медиуми, бизнис заедницата, млади, јавни
институции, образовни институции и пошироката јавност).Работните групи работеа по претходно подготвена методологија и беа водени од тим на фацилитатори. Тие се обидоа да го трансформираат зададениот проблем во алтернативна реакција и можно решение. Можните решенија треба да се претстават како социјални иновации чија основа е градењето на мир и помирувањето.

Оваа активност се реаилизраше во рамките на проектот Поделено минато – Заедничка
иднина кој се имплементира во 7 земји во регионот на Западен Балкан и Турција, од
страна на конзорциум од 18 организации. МКЦ- Битола и Прогрес институт се партнери
од Македонија.