Како да го заштитиме земјоделието од климатските промени?

Климатските промени се голема закана за биодиверзитетот, земјоделските екосистеми и човековата благосостојба. Глобалната клима се променува радикално. Ова пак, може да резултира со позитивни и негативни влијанија врз лозарството и овоштарството.

Можното влијание на глобалните климатски промени врз земјоделските екосистеми е предмет на многу научни студии, кои покажуваат и промена во соодветната аклиматизација на сортите, промена во дистрибуцијата на постоечките болести и штетници и појава на нови, потоа физиолошки наруштувања, влијание врз квалитетот на плодовите и др.

Мрежата на ЛАГОВИ покрива осум плански региони и има локални самоуправи, невладини организации и бизнис сектор од сите региони, седиштето е во Кривогаштани, а работат со ЛАГОВИ кои се дел од оваа мрежа. Формирани се во 2018 година и од тогаш активно работата на подобрување на земјоделството и руралниот развој развој, генерално преку превенција, активирање на земјоделците на актуелни состојби кои се случуваат.

Веќе шест месеци го имплементираат проектот „Проценка на влијанието и можностите за прилагодување на климатските промени во земјоделскиот сектор”.

Со Даниела Цветаноста од мрежата на ЛАГОВИ и со агрономот Стевче Манивиловски разговараме за тоа каква е состојбата на терен, дали земјоделците се свесни за влијанието на климатските промени,  што преземаат за да се прилагодат на негативните влијанија на невоообичаени временски променина климата некарактеристични во одредени сезони (град, пороен дожд, екстремни високи или ниски температури,ветрови, поплави итн), кои мерки за адаптација може да се искористат, а се достапни до земјоделците и за тоа кои се идните чекори кои ќе се преземаат поврзани со проектот?

 

Сподели