Како да се унапреди безбедноста во сообрајќајот на локално ниво ?

0
272

На ова прашање денеска во Битола се дискутираше од страна на Професоритеод Техничкиот факултет , од Општинскиот совет за безбедност во сообрајќајот како и од РСБП, со цел да се даде придонес и да се обработи темата за унапредување на безбедноста во сообрајќајот на локално ниво како и да се превземат активности и да се имплементираат.
– Ние цело време правиме анализи, научната и стручната работа која што ја даваме, ние сме постојано во тек со оваа работа бидејќи цело време сме отсек за сообрајќај и транспорт, така да имаме податоци меѓутоа и континуирано прибираме, за денешниов проект Анализирање на индикаторите за безбедност во сообрајќајот, истражувањата се вршат на ниво на цела Македонија и во Општина Битола веќе повеќе од една година, значи прво се обучуваа лица од општинските совети и од службата за внатрешни работи кои директно излегуваа на терен и прибираа податоци, изјави Проф. д-р Верица Дамчевска од Технички факултет Битола

Животот без сообраќај во денешно време е незамислив. Актуелното ниво на развојот на сообраќајот негативно влијае врз неговата безбедност. Проблемот што Битолчани го имаат со нормалното одвивање на сообрајќајот е константен, при што вината ја префрлуваат кај надлежните со надеж дека ке се најде решение, но отука се поставува прашањето, каква е сообрајќајната култура кај Битолчани?

– Морам да кажам дека оние првични резултати кои што ги добивме од терен за минатата година, не се баш сјајни.
Имаме голем број на возачи кои не го користат сигурносниот појас во некои Општини тој процент изнесува и до 80% во Битола за жал 70% од опсервираните возачи не користеле појас, тука е и бројката и за совозачите, а и за сите опсервирани сопатници во возило не користеле сигурносен појас, значи тоа е поразително, изјави Проф.д-р Зоран Јошевски од Технички факултет Битола

Изготвените предло мерки ќе бидат испратени до владата на Р.Македонија.
– Како Репулички совет ќе испратиме документ со добиените резултати до владата на Македонија и предлог на мерки и активности за секоја општина во зависност од проблемите што ги има, како да се подобри , безбедноста во сообрајќајот. Значи не зборуваме безбедноста изразена преку број на жртви и повредени, туку преку однесувањето на учесниците во сообрајќајниот систем, изјави проф. д-р Зоран Јошевски од Технички факултет Битола

Овој проект ќе продолжи да се спроведува и понатаму со цел да се прават компаративни анализи дали ќе има подобрување после одредени мерки.

– И токму затоа изработуваме работилници и трибини од овој тип на кои што сите надлежни чинители на едно место заеднички ќе разменат искуство и знаење и факти како до помалку жртви на патиштата на РМ, изјави Ристо Манчев од РСБП

Оваа работилница се одржа на Техничкиот фаултет, каде што имаше претставници од Републичкиот совет, МВР, СВР Битола, од сообрајќајниот Инспекторат од средното сообрајќајно училиште како и практиканти и студенти од Техничкиот факултет.