Пожарот над Битола и во областа Раштански рид беше целосно локализиран, предизвиканата материјална штета не е голема, изгорена е само нискостеблеста вегетација односно деградирана шума. Така сите мислевме до пладне.

Нешто помалку од 24 часа траеше итензивната битка на луѓето со огнот кој избувна вчера на ридот над градот и претставуваше потенцијална опасност за имотите на жителите во близина. Пожарот денеска е локализиран. Со Горан Димкоски командирот на Територијалната противпожарна единица разговаравме на пладне.

„Под контрола ни е пожарот, имаме уште еден дел таму поризичен кадешто се стационирани екипите. Немаме некое поголемо проширување од вчерачниот, ова е Раштански рид, ридо кон местото Снегово, на патот е стигнат до Снегово , тој стариот пат. Имаме екипи од сите страни, пожарот е комплетно заобиколен со луѓе. Имаме најава дека и воздухопловите ќе поминат и тогаш ќе биде добредојдено,ќе ја завршиме работата подобро и поефикасно.“ – изјави тој.

Непосредно по овој разговор петте ер транктори го надлетаа теренот и градот и помогнаа во елиминирање и на последната потенцијална опасност за која зборуваше Димкоски. Во противпожарната единица огнот над тунелот бил пријавен во 16.00часот.
„Вчерашните активности не застанаа, цела ноќ останавме со екипите на терен, еден дел беа повлечени за да може да се одморат. Денеска некаде од 4.30часот наутро дојдовме и ние и од јавните претпријатија, се собравме маса на луѓе и веднаш влеговме во во гаснење. “

Екипите на Комуналец, Нискоградба и денеска помагаат во активностите, а екипи на Јавното претпријатие „Водовод“ пак со цистерни со вода кружат околу ридот и ги полеваат со вода во моменти кога постои опасност огнот што на места тлее да се засили.
Тера: Која е причината, човечко невнимание, топлото време или се заедно?
Командир Горан Димкоски: „ Јас тврдам дека е човечки фактор, неможе ова да е природна појава. 99% велам дека е човечки фактор. Сите ме прашуваат за точното место на почеток, неможам да кажам , отприлика знаеме, но , кога ние стигнавме дуваше силен ветер, веќе беше раширено и затоа неможеме точно да го лоцираме местото на првото палење.“

Засега овој голем пожар не претставува никаков проблем, иако пожарникари и екипи од комуналнитe претпријатија ќе ја следат состојбата на теренот.
„Ние остануваме овде ќе ја следиме состојбата се до комплетно гаснење, нема никаква опасност за граѓаните, материјалната штета е минимална, ова е деградирана шума , додека се се среди нема да го напуштиме теренот. “ – рече командир Горан Димкоски од ТППЕ Битола. Тој денеска го повтори апелот до граѓаните кои планираат по жетвата да ги палат стрништата , да не го прават тоа во време на портокалово ниво на опасност од високи температури.












