Како започна фестивалот „Браќа Манаки“ пред 40 години

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Група ентузијасти, филмски сниматели на 5 март 1979 година при одбележувањето на 15-годишнината од смртта на Милтон Манаки одлучија да покренат иницијатива за филмска манифестација во Битола. Се започна како филмски средби на сниматели. Идејата им беше понудена на тогашниот претседател на општината, Павле Ѓорѓиевски, кој ја прифати идејата, а првите „Манакиеви средби“, како што на почетокот се викаа  беа одржани во април 1979 година во салата на тогашното кино „Трудбеник“ и другите три градски кина. Од 1981 година оваа манифестација се одржува во сегашниот Центар за култура. Стефан Хаџиантоновски беше еден од иницијаторите на овој фестивал кој годинава ќе го прослави својот 40-ти јубилеј. Почетоците не беа класична форма на фестивал.

-Беше фестивал, но беше како денови на филмските сниматели. И битолчани ја прифатија таа идеја, беа масовно посетени филмовите кои што беа прикажувани затоа што сите тие беа ретроспектива на тие сниматели од поранешна Југославија, без разлика од каде доаѓаам вели Стефан Хаџиантоновски, еден од основачите на фестивалот „Браќа Манаки“.

Киното „Манаки“ ќе помогне во популаризација на филмот, смета Хаџиантоновски.

-Веќе со добиената дотација за опремнување на киното „Манаки“, тоа ќе биде џебно кино каде ќе има максимум до 100 гледачи, но за популаризацијата и тоа е доволно, во центарот на градот.

Филмот живее во Битола, но штета е што нема повеќе кина, вели тој.

-Едно кино е во градот, но и тоа е недоволно. За разлика од минатото после ослободувањето имаше 11 кина, вели Хаџиантоновски.

40-то издание на Интернационалниот фестивал „Браќа манаки“ започнува на 14 и ќе трае до 21 септември.

Share.