Минатата недела информиравме за тоа како се гласаа или не се гласаа завршните сметки на дел од училиштата во Битола. Прилогот со наслов „Збунетиот Совет“ добива продолжение сега „Збунетиот совет 2“. И кај дел од преостаните училишта јавноста може да слушне во кое училиште од каде е диркторот, како тоа да е предуслов да се гласа за или да се биде против.
Во овој прилог преостанатите завршни сметки на училиштата и градинките во градот, но акцентот тука како да не беше ставен на сметките, туку повторно на тоа за директорите од кои политички партии се именувани.

А беше споменета и ЗНАМ, односно Максим Димитриевски, партијата која не е застапена во овој Совет.
Карактеристично е барем од досегашното искуство дека гласањето е колективно, односно сите советниците од опозициската или владечаката коалиција да гласаат исто. Тука особено кај ОУ “Тодор Агнелевски“ на левата страна имаше разногласие.

Дали ова беше потврда дека конечно не се гласа според тоа како одлучила партијата, туку како одлучил поединецот.












