Битола е една од општините која многу издвојува за спортот, особено за професионалниот, вака рече градоначалникот на Битола, Тони Коњановски на брифингот со новинарите за неговата работа во овие две години, откако го презеде водењето на градот, а на прашаето колку пари за спортот ќе одвои општината следната година.
„Тоа се акционерски друштва, три клубови кои што се професионални клубови, кои традиционално се помагаат. Тука секогаш биле и дилемите, затоа и во моето излагање, потенцирав и треба да кажеме, сакаме да го поддржуваме споротот или не. Точно е, во некои спортови има подобри резултати, во некои не. Ние не можеме да ја прекинеме поддршката, макар што имаме добри платформи, еве со „Еурофарм Пелистер“ постои таа соработка која ја имаме со лакаланата самоуправа и засега се одвива одлично. Имаме нов спонзор во кошарката Таск Форс, се трудиме да ја поправиме состојбата во фудбалскиот клуб, нивните амбиции се секако влез во првата лига, што дополнително ќе ја оптовари целата ситуација и за жал тој цел пакет на споротот, фактички можеби од една рака го ускратува оној училишниот или другиот непрофесионален спорт, меѓутоа состојбата е таква каква што е и затоа велам советниците не скришно, туку отворено треба да кажат сакаме поддршка за спортот или тоа треба да прекине“ рече Коњановски.
Тој рече дека и следната година сумата ќе биде над 60 милиони денари.
Секретарот на општината Борче Димировски рече дека во предвид треба да се земат двата договори кои што се потпишани и едногласно изгласани од Советот, а кои што произлегуваат од обврските од ракометната платформа и од договорот со новиот спонзор во кошаркарскиот клуб.
„Во фудбалскиот клуб сме со стопроцентно сопствеништво исто така и треба многу трезвено и објективно да се гледаат околностите. Овие се професионални клубови и акционерски друштва. Доколку не се сервисираат редовно обврските постои опасност тие клубови да преминат во најнизок ранг и всушност Битола да остане без професионален спорт. Но, како што кажа градоначалникот многу успешна приказна е спонзорството, односно ракометната платформа, се надеваме и во кошарката така да биде, а отворено навиваме и во фудбалот да влезе приватен спонзор кој што ќе презема дел од обврските. Бидејки на вашето прашањето што добиваме, ајде да размислиме што губиме ако го нема спортот како содржина. Еве натпревар со Загреб во Лигата на шампиони, кошаркарите имаат врвни резултати, играат АБA2, постои реална можност тие натпревари да се играат тука, можеби завршницата на куп натпреварот во кошарка. Фудбалот доколку влезе во прва лига е можеби најважна споредна работа, иако таа е флоскула. Има граѓани кои што тоа го следат. Општина Битола има објективна одговорност спрема сите потреби на граѓаните, а професионалниот спорт не може да биде работа која што може елементарно да се финансира. Најдобро е покрај општината да постои партнерство. Еве и јас ќе потенцирам Советот има свои ингеренции во рамките на спортот и добро е, коректно да се каже и граѓаните да знааат дали имаме потреба да имаме врвен спорт, треба да играме Лига на шампиони, тоа си има една цена или не треба. Истото е тоа дали некој ќе вози еден вид на автомобил, за да не бидам тука сега грешно цитиран или друг вид, е избор и во рамките на самите можности, но со проектирањето на овој буџет општина Битола има можност да го поддржи и професионалниот спорт и останатиот спорт што произлезе како предлози од буџетските форуми, но и сите оние други останати области. Значи ние имаме основен буџет кој што ќе надмине една милијарда денари и тоа е повеќе од солидна основа за голем дел од потребите во Битола, секако за покрупни капитални проекти и се она што треба да се реализира, неоходни се поддршки, дали се европски фондови, дали е централна власт, тоа се дополнителни средства“ рече Димитровски.












